/violabeautycentar /violabeautycenterbitola
Третмани за обликување на тело

Кавитација

Принципот на делување на кавитацијата се фрекфентни ултразвучни бранови, фокусирани на точно одредена длабочина, каде се врши селективно разбивање на подкожните масни ќелии, без оштетување на околното ткиво.


Во зависност од потребите на клиентот се третира она подрачје кое е најзафатено со масни наслаги. На пример: абдомен, бутини, надлактици, и горен дел на коленото.


Третманот дава еднакви резултати како и естетски зафат, но без болка и анестезија. После третманот се прави лимфна дренажа, за да се разбијат масните ќелии и полесно да се исфрлат од организмот.