/violabeautycentar /violabeautycenterbitola
Третмани за лице

Биолошки третман на лице

Чистењето на лице спаѓа во основна хигиена на кожата и потребно е на сите, без оглед на типот, состојбата на кожата или возраст. Третманот на чистење на лицето не може да го замени ниту еден друг третман бидејќи лачењето на себумот е природен процес во кожата, а кога порите ќе се наполнат мораме да ги исчистиме доколку сакаме кожата да ни биде здрава и кремите кои ги внесуваме да се впиваат.


Со чистење на лицето го подобруваме ослободувањето од токсините, ја подобруваме циркулацијата, ја намалуваме видливоста на проширените пори, ја изедначуваме пигментацијата и го редуцираме воспалувањето на кожата.