/violabeautycentar /violabeautycenterbitola
Масажи

Спортска масажа

Длабока динамична масажа со истегнување на мускулното ткиво. Наменета за лица со посилна мускулатура кои активно спортуваат. Таа е дизајнирана специјално за да ги подобри атлетските перформанси кај одредени поединци. Со помош на оваа масажа вашето тело ќе се ослободи од болката и напнатоста. 


Масажата може да подобри флексибилноста на мускулите и зглобовите, што ги чини помалку склони на повреди. Релаксирањето на мускулите може да го подобри опсегот на движење и да го намали ризикот од повреди.