/violabeautycentar /violabeautycenterbitola
Третмани за лице

Хемиски пилинзи


Пилинг со гликолна киселина

Гликолната киселина ја отстранува оштетената кожа, што резултира во појава на блескав изглед на кожата. Редовната употреба на производи со гликолна киселина може да помогне во намалување на брчките и линиите на кожата, бидејќи поттикнува обновување на кожата. Оваа киселина е погодна за лицето кое страда од акни, бидејќи помага во чистењето на преполнени пори и намалувањето на инфламациите. Гликолната киселина го стимулира производството на колаген и еластин и помага во намалување на темните флеки или хиперпигментацијата на кожата.


Пилинг со салицилна киселина

Пилингот со салицилна киселина е позната по своите противбактериски и антиинфламаторни својства, и често се користи за третман на акнеста и масна кожа. Салицилната киселина работи како ексфолијант, отстранувајќи ги мртвите кожни ќелии. Таа помага во отстранување на себум (маст) и чистење на порите. Ова може да помогне во смалување на масната кожа и појавата на акни. Салицилната киселина може да помогне во намалување на тамните флеки, хиперпигментацијата и нееднаквост во бојата на кожата.


Пилинг со манделична киселина

Пилингот со манделична киселина е често добар за луѓе со осетлива кожа, бидејќи е помека во споредба со некои други киселини. Со своето ексфолијантно дејство, таа помага во отстранувањето на мртвите кожни ќелии и подобрување на текстурата на кожата. Исто така, манделичната киселина може да помогне во чистење на порите и регулирање на масната кожа. Таа може да биде корисна во борбата против акни и помага во чистењето на порите, што резултира во подобра контрола на масната кожа.


Микродермоабразија ( Дијамантски пилинг)

Микродермоабразијата е механичко отстранување на изумрените површински слоеви на кожата. Процедурата стимулира обнова на кожата. Ова може да доведе до подобрување на тонусот и еластичноста на кожата.

Микродермоабразијата помага во намалувањето на фините линии и брчки, особено ако се изведува редовно.