BEAUTY CENTER
Spa & Massage Center
Ladies Fitness Center
Дерма пен терапија на лице.
Совршено погодна за подмладување на кожата, за успорување на процесот на стареење и за третирање на брчки. Се подобрува производството на колагенот во кожата и затоа се вика колагено-индукциона терапија.
Микро иглите создаваат многубројни механички оштетувања на површината на кожата. На овој начин се добива механизам на самозаздравување на кожата, т.е. доведува до зголемување на производство на фибробласти (келии на сврзното ткиво кои имаат градивна улога), кои се претвараат во колаген и еластин, кој се врзува за стариот колаген на кожата.
Со помош на микро иглите правиме стерилни канали во кожата и по пат на тие канали можеме да вбризгаме стерилни супстанци на длабочина која што ни одговара, при што остваруваме видливи и трајни резултати. Овие микро канали спонтано се затвараат после саат време.
Реакцијата на кожата од микротраумите е таква што создава колаген и еластин од прв степен кој се врзува за веќе постоечкиот (стариот) колаген, од трет степен. Кожата станува подебела, затегната, здрава и подмладена.
Колагено – индукционата терапија успешно може да се користи за:
Предности на колагено-индукционата терапија се: одсуство на болка, нема несакани дејства, брзо заздравување, контролирана длабочина на продирање, поголема стимулација на ткивото, неинванзивна метода (без крварење и лузни), можат да се третитаат сите типови на кожа и сите делови на телото, не предизвикува фотосензитивност, резултатите се видливи веќе после неколку дена.
LOGO